Полчиште
Полчиште се наоѓа во прилепскиот дел на Мариово, на источната страна на територијата на Општината Витолиште. Селото е планинско, на надморска височина од 910 метри. Има мошне голем атар, којшто зафаќа простор дури од 83 км2, односно, атарот катастарски се дели на Полчиште I и Полчиште II. На него пасиштата заземаат површина 3.646 ха, на шумите отпаѓаат 3.069 ха, а на обработливото земјиште на 1.336 ха. Селото има мешовита земјоделска функција. Од населбата емигрирал значителен број од населението и таа преминала од големо, во мало село, населено со македонско население.