Пештани
Пештани се наоѓа во прилепскиот дел на Мариово, на крајниот северозападен дел на територијата на Општината Витолиште. Селото е ридско, на надморска височина од 670 метри. Атарот зафаќа простор од 18,5 км2. Ha него преовладуваат пасиштата на површина од 1.297 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 389 ха. Селото има полјоделско - сточарска функција. Населбата е мала, во фаза на наполно раселување, a е населена со македонско население.