Крушевица
Крушевица се наоѓа на северозападната страна на територијата на Општината Витолиште, во прилепскиот дел на Мариово. Селото е ридско, на надморска височина од 759 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена 26 км. Атарот е релативно голем и зафаќа простор од 27,6 км2. На него пасиштата заземаат површина од 1.316 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 1.190 ха, a на шумите само 28 ха. Селото има полјоделско - сточарска функција. Во него работи основно училиште до IV одделение, а има и земјоделска задруга. Поради емиграција на населението, Крушевица преминала од средна, во мала населба.