Манастир
Манастир се наоѓа на западната страна во прилепскиот дел на областа Мариово и и припаѓа на територијата на Општината Витолиште. Селото е ридско, на надморска височина од 690 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена 38 км. Атарот зафаќа простор од 15,5 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 253 ха, на пасиштата отпаѓаат 705 ха, а шуми, речиси нема. Селото има полјоделско - сточарска функција. Во 1954 година во населбата бил откриен манастир „Св. Никола", во којшто една зачувана фреска потекнува од 1560 година. Населбата Манастир е мала, во фаза на раселување.