Вепрчани
Вепрчани лежи на северната страна во прилепскиот дел на областа Мариово, и припаѓа на Општината Витолиште. Селото е ридско, на надморска височина од 800 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена 34 км. Има голем атар, којшто зафаќа простор од 29,2 км2. На него доминираат пасиштата на површина од 1.778,4 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 664,7 ха, а на шумите само 11,6 ха. Селото има полјоделско - сточарска функција. Меѓутоа, како и од многу села од Мариово, така и од Вепрчани емигрирал голем број од населението.