Маково
Заради близината на Битола и регионалниот пат [509] кој поминува низ самото село, Маково за разлика од другите мариовски села е со нешто поголем број на жители (71 според пописот во 2002 година). Се наоѓа на 693 метри надморска височина и е прво село во Мало Мариово. Како точно настанало името на селото не е познато, но можи да се претпостави дека тоа е во тесна врска со традицијата на одгледување афион (мак) на овие простори....
Во 1860 година изградена е цркавата Св. Архангел Михаил, која е до темел срушена за време на Првата светска војна, а во 1926 година повторно е подигната со името Св. Воскресение. Истата е реновирана некаде во 1997 година со донација на здружението „Маково“ од Мелбурн – Австралија.
...Интересен е и фактот дека во Маково, последните години беше сместена базата на телевизиската екипа која ја снимаше турската хит серија „Elveda Rumeli“ (2007-2009) или во превод „Збогум Румелија“, а во 2010 година покрај тоа што тука се снимаше завршната сцена од турскиот игран филм „Ајде бре“, отпочна и снимањето на македонскиот краткометражен игран филм „Митот за Сара“.