Будимирци
Селото Будимирци е лоцирано на 857.м надморска височина и претставува типично ридско-планинско село кое се наоѓа на 4 км од регионалниот пат [509], кој до Рапеш е асвалтиран а потоа продолжува макадам преку мостот на Црна Река за Старавина и понатаму за Градешница. Во самото подножје на Будимирци се наоѓа Бела Река која е со изразито бистра вода и богата со автохтона речна пастрмка.
Кога точно настанало с..Будимирци и како го добило своето име не е познато, но самото име води потекло од древното сесловенско име Будимир (“Буди” + “мир”) што би значело "будење во мир" или да се "биде во мир". Според пописот од 2002 година селото брои околу 30-тина жители.