Груниште
Во Грунишки дол, од десната страна на Црна река се наоѓа селото Груништа. Селото е ридско на надморска височина од 800 метри. Од градот Битола населбата е оддалечена 52 километри. Атарот има средна големина, на простор од 18,2 км2. На него доминираат пасиштата на површина од 1.229,8 ха. на обработливото земјиште отпаѓаат 352,6 ха, а на шумите 190,2 ха. Селото има полјоделско - сточарска функција. Населбата е мала, како што се. впрочем, и многу села во Мариово, со тенденција на раселување. Во Груништа се наоѓа храмот Св. Вмч. Димитриј (1860 год), како и манастирот на Св. Преподобна Параскева (Св. Петка) од 1926 година. Според кажувањата на постарите селото Груништа е населено 1545 г. наводно прв се населил бочварот Грујо од село Грумази.