Клиново
Клиново се наоѓа на територијата на Општината Конопиште. Селото е планинско, на надморска височина од 770 метри. Атарот зазема голем простор од 76,8 км2. На него доминираат шумите на површина од 5.801 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 251 ха, а на пасиштата 103 ха. Селото има полјоделско - шумарска функција.