Кокре
Кокре ce наоѓа на крајниот североисточен дел на територијата на Општината Витолиште, во прилепскиот дел на Мариово. Селото е ридско, на надморска височина од 720 метри, Атарот е релативно голем и зафаќа простор од 21,6 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.345 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 496 ха, а на шумите 115 ха. Селото има полјоделско - сточарска функција.