Старавина
Старавина спаѓа во групата на ридско-планински села кои скоро да немаат свој атар со обработливо земјиште.
Во 1996 година според законот за административно-територијална поделеност на Р. Македонија, Мариово е
поделено на Општините Старавина и Витолиште. Со реорганизацијата во 2004 година Старавина и другите
села кои припаѓаа во Општина Старавина (Маково, Рапеш, Брник, Орле, Зовиќ I, Зовиќ II, Ивени, Петалино,
Будимирци, Груниште, Старавина и Градешница), станаа составен дел од Општина Новаци.
...По кажување на чичко Петко Петковски-Чуруко (85 год.) името на селото доаѓало од таму што многу одамна тука се одгледувала винова лоза и се правело вино. Со текот на времето плодните берби довеле до вишок на вино кое се складирало и така селото или населбата станала богата со стари вина па од таму и името Старавина.
...Во селото има две цркви, едната посветена на “Св. Николај Чудотворец” која не била зографисана и денес е разрушена, и другата на Св. Богородица изградена во 1860 година, а живописана во 1887 г.
Денес во Старавина живеат едвај 20-тина жители.