Ивени
Ивени се наоѓа во источниот дел на Битолското Поле, односно во битолскиот дел на Мариово и припаѓа на Општината Новаци. Селото е планинско, на надморска височина од 940 метри. Од централното место Битола тоа е оддалечено околу 40 км. Селото има релативно голем атар од 25 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.973 ха, потоа следи обработливото земјиште на површина од 289 ха, додека на шумите отпаѓаат само 75 ха. Тоа, во основа, има полјоделско - сточарска функција. Во него се наоѓа храмот Вознесение Христово (Св. Спас) и црквата Св. Атанасиј Велики (1860 год).