Брник
Селото е сместено на источните падини на Селечка Планина, поточно на десната страна од патот во таканареченото Мало Мариово, и се наоѓа на околу 713 метри надморска височина. Според пописот од 2002 година, селото брои само двајца жители.
Во селото постои црква посветена на Св. Димитрија изградена во 1887 година.
Брник и Груништа се единствените села кои не се приклучени на електричната мрежа.