Please update your Flash Player to view content.
Македонија во Силиконската Dолина претставена како земја на ИТ- експерти a ,Silikonskata Pelagonija Mozi i se stermi da Bide del od taa Katedra za eksperti za idninata
Сан Франциско, 12 ноември 2009 Приказната за Македонија како успешна бизнис дестинација македонскиот владин тим предводен од премиерот Никола Груевски синоќа ја презентираше пред голем број претставници на моќни американски компании на бизнис форум во Силиконската долина, центарот на американската и на светската ИТ-технологија. На форумот насловен „Македонија - земја на ИТ експерти“ премиерот Груевски и вицепремиерот задолжен за економски прашања Зоран Ставрески се осврнаа на економските политики на земјата со посебен фокус на реформите за унапредување на информатичкото општество и образованието насочени кон подобрување на вкупната бизнис клима и привлекување реномирани американски инвеститори. - Сфаќајќи ја важноста на овие трендови, Владата на Република Македонија воспостави постојан развој на информатичкото општество како еден од најважните стратешки приоритети. Ова ќе придонесе Македонија да стане дел од глобалната економска мрежа и да постигне значаен напредок во економијата, рече Груевски, додавајќи дека е воспоставено централно тело за создавање и развој на информатичкото општество со цел да се овозможи координиран системски приод кон реализација на стратегиските приоритети. Министерството за информатичко општество, како што посочи, е одговорно за промоција и широка примена на информатичките и комуникациските технологии. Македонскиот премиер им се обрати на бизнисмените со убедување дека Владата ќе придонесе за реализација на овие цели преку обезбедување добар терен и создавање пријатна бизнис клима. - Сега Македонија е во една од најдобрите фази за привлекување странски инвеститори. Владата сака да ја види Македонија во наредните години пренатрупана со странски инвестиции. Можеби ова звучи преамбициозно, но јасно ја рефлектира нашата заложба и правец кој сме определени да го следиме, истакна Груевски. Цитирајќи го Линдон Џонсон, тој рече дека Македонија мора да ги отвори вратите за можностите, но исто така мора и да ги оспособи луѓето за да поминат низ тие врати. - Затоа, Владата на Република Македонија со својата работа, со имплементацијата на реформите и со привлекувањето странски инвеститори се обидува да ги доближи хоризонтите на американскиот просперитет до македонските граѓани, истакна премиерот Груевски повикувајќи ги американските стопанственици да инвестираат во Македонија. Вицепремиерот Ставрески обраќајќи се пред присутните на Форумот рече дека Македонија е макроекономски стабилна земја и одлична бизнис дестинација. Тој притоа го истакна растот на бруто домашниот производ во Македонија, укажувајќи на фактот дека минатата година изнесуваше 5,9 проценти, годинава е шест отсто, а во 2009 година се очекува да достигне до 4,5 проценти и покрај рецесијата која веќе има влијание во светот. - Ризиците по светската економска криза и нејзиното влијание врз Југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, не можат да се занемарат, но, сепак, нашата земја е подобро позиционирана од кога било претходно за да ги апсорбира ваквите удари. Според последниот Извештај на Европската комисија, се очекува растот на БДП во 2009 да достигне 4,5 отсто, рече Ставрески. Тој укажа на фактот дека странските директни инвестиции достигнаа 700 милиони долари во 2007 година, што е трипати повеќе од просекот во претходните години, а годинава, во првите осум месеци, тие се зголемени за десет отсто споредено со истиот период претходната година. - Мотото на нашата Влада е помалку бирократија, повеќе бизнис. Преку проектот регулаторна гилотиња, кој има за цел кратење на бирократијата, поедноставивме бројни административни процедури, ги намаливме роковите на државната администрација и бројот на потребни документи преку воведување информатички технологии и значително намалување на надоместоците и трошоците, рече Ставрески. Како аргументи дека Македонија е добра инвестициска дестинација на американските стопанственици тој ги посочи кандидатскиот статус за ЕУ, исполнетите стандарди за влез во НАТО, расположливоста на земјата со млада достапна и компетитивна работна сила, инвестирање во информатичката технологија, проектот за обука на млади менаџери, пристап кон широк пазар од 650 милиони потрошувачи, добра инфраструктура, најатрактивен даночен пакет во Европа со рамни даноци од 10 отсто, посебните поволности во слободните економски зони, интензивниот инвестициски циклус во инфраструктурата, како и потврдата од ЕК и Светска банка за подобрување на бизнис климата. - Владата е посветена да ја направи Македонија пријателска бизнис земја. Сакам да ги охрабрам компаниите во САД да ги разгледаат компаративните предности на Македонија за нивните идни инвестиции. Ние како Влада сме подготвени да обезбедиме секаква поддршка за да го олесниме овој процес, истакна вицепремиерот Ставрески. Американскиот амбасадор Филип Рикер, кој ја придружува владината делегација во САД, пред стопанствениците присутни на форумот во Силиконската долина, позитивно ја претстави Македонија истакнувајќи дека има млада, амбициозна и квалитетна Влада, која спроведува конзистентна политика а тоа, како што рече, инвеститорите можат да го препознаат. Тој ги повика да инвестираат во Македонија истакнувајќи дека американската амбасада е секогаш отворена да им помогне. Инвестициските можности на Македонија на Форумот во Сан Франциско ги презентираа и министерот за информатичко општество Иво Ивановски, професорот од Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ Питер Бок и главниот извршен директор на „иБанк“ Том Маркел. Македонија како успешна бизнис дестинација македонскиот владин тим, во чиј состав се и министрите за економија и за странски инвестиции Фатмир Бесими и Веле Самак и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо, во петок ќе ја претстави и пред моќни американски компании на Бизнис форум во Чикаго, насловен „Македонија - новото чудо на Европа“. На форумот ќе се обрати и претседателот и главен и извршен директор на Нортел и член на бордот на директори на „Македонија 2025“ Мајк Зафировски. За време на престојот на македонската делегација во Чикаго ќе биде отворена и манифестацијата „Денови на македонската култура во САД“, во чии рамки ќе се одржи и концертот на познатиот македонски пијанист Симон Трпчевски. Посетата на САД е во рамките на владиното „роуд шоу“ кое се одржа во повеќе европски држави, меѓу кои и Италија, Германија, Турција..., при што беа остварени значајни контакти со познати компании.
Авторско право @ 2011
Всички права запазени.
Created by ELECTROLUX